Пловидбата низ Ормуската Теснина намалена на помалку од десет бродови дневно
Бројот товарни бродови што минатиот викенд поминале низ Ормуската Теснина паднал на помалку од десет дневно, покажуваат денеска објавените информации за пловидбата низ таа значајна трговска поморска рута.
Во текот на викендот само четири товарни брода го напуштиле Персискиот Залив преку Ормуската Теснина. Меѓу нив имало брод без товар, брод што превезувал течен нафтен гас, брод со товар на вештачко ѓубриво и брод натоварен со сурова нафта или кондензат.
Во спротивна насока, во Заливот влегле десет бродови, меѓу кои еден превезувал жито, а друг метали.
Во билансот не се опфатени бродовите кои можеби поминале низ Теснината со исклучени транспондери за да избегнат откривање.
Пред почетокот на конфликтот на 28 февруари, низ Ормуската Теснина дневно поминуваа по околу 125 големи трговски бродови. Тогаш преку таа поморска рута се превезуваше повеќе од една петтина од светската дневна потрошувачка на сурова нафта и течен природен гас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пловидбата низ Ормуската Теснина намалена на помалку…
Бројот товарни бродови што минатиот викенд поминале…
Трамп: САД би можеле да останат во…
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера навести дека…
Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“…
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен…
Лоши вести понеделнички: Цената на нафтата над…
Двата главни референтни вида нафта за светските…
Домашните компании може да добијат до 500.000…
Домашните компании имаат уште неколку дена да…