Победа, ама со плагијат: МКЦ го промени победникот на конкурсот за „50 години МКЦ“

t

Младинскиот културен центар (МКЦ) објави конкурс за избор на идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на МКЦ, кое има за цел создавање визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години МКЦ“.

Како што известија оттаму, пристигнале 51 апликација со визуелни решенија „во кои е видлив висок квалитет по однос на естетско-графичките параметри“.

Првично, за најдобро идејно-графичко решение беше избран трудот на Милан Димитриев, а комисијата му даде пофалница и на второрангираниот Гоце Велески.

Но, денес МКЦ излезе со соопштение дека визуелното решение на Милан Димитриев е целосно ископирано и дека поради тоа тој е дисквалификуван, а второрангираниот Гоце Велески се смета за победник на конкурсот.

– По јавно објавување на резултатите од конкурсот за идејно-графичко решение по повод јубилејот „50 години МКЦ“, според кои визуелното решение на Милан Димитриев беше избрано за најдобро, од јавноста е посочена веб-страница од каде што прворангираниот на Конкурсот, целосно ископирал и преземал визуелно решение.

Со тоа, прворангираниот не го испочитувал критериумот за оригиналност и автентичност и условот експлицитно наведен на Конкурсот кој гласи: предложеното решение мора да е оригинално авторско дело т.е. да не содржи елементи од туѓи авторства.

Поради тие причини, Милан Димитриев се дисквалификува, а визуелното решение на второрангираниот Гоце Велески се смета за победник на Конкурсот, велат од МКЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

19 годишно момче загина во сообраќајка во…

Попладнево во скопската населба Радишани се случила…

10 години од поплавите во Скопје во…

Скопје денеска одбележува десет години од невремето…

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти…

Слаб земјотрес вечерва во Скопје

Слаб земјотрес со јачина од 2,5 степени…

Тинејџер со пиштол шетал низ Скопје

На 27.07.20226 во 19:50 часот на ул.„Димитар…