Повеќе од половина Европејци се против прием на Украина во ЕУ и НАТО

t

Помалку од половина од испитаниците во Полска, во Франција, во Германија и во Италија би ја поддржале Украина да се приклучи кон ЕУ и НАТО дури и ако се постигне мировен договор меѓу Киев и Москва, покажува месечната анкета на агенцијата YouGov.

Според резултатите, членството на Украина во ЕУ го поддржуваат 42% Полјаци, а 45% би ја виделе како дел од НАТО. Слични проценти се регистрирани и во Франција, во Германија и во Италија. Поддршката е значително поголема во Велика Британија и во Шпанија.

Во Велика Британија, 69% го поддржуваат приемот на Украина во ЕУ, а 66% во НАТО. Во Шпанија поддршката е 70% за ЕУ и 62% за НАТО.

Европејците генерално го поддржуваат продолжувањето на финансиската помош за Украина, при што Британците и Шпанците се најподготвени – со 68% поддршка.

Италија е нај поделена по ова прашање: 43% поддржуваат финансиска помош, а 40% се против

Анкетата е спроведена од 7 до 27 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од половина Европејци се против прием…

Помалку од половина од испитаниците во Полска,…

Трето судење за „Пулс“: Нов обид за…

Судењето за дискотеката „Пулс“ во која загинаа…

Денеска се празнува Светиот пророк Авдиј

Родум од селото Витахарамско од пределите Сихемски.…

Метео: Еве какво ќе биде времето денес

Од УХМР известуваат дека денеска времето ќе…

Путин: Освојувањето на Покровск ќе ѝ овозможи…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека заземањето…