Повеќе од половина Европејци се против прием на Украина во ЕУ и НАТО
Помалку од половина од испитаниците во Полска, во Франција, во Германија и во Италија би ја поддржале Украина да се приклучи кон ЕУ и НАТО дури и ако се постигне мировен договор меѓу Киев и Москва, покажува месечната анкета на агенцијата YouGov.
Според резултатите, членството на Украина во ЕУ го поддржуваат 42% Полјаци, а 45% би ја виделе како дел од НАТО. Слични проценти се регистрирани и во Франција, во Германија и во Италија. Поддршката е значително поголема во Велика Британија и во Шпанија.
Во Велика Британија, 69% го поддржуваат приемот на Украина во ЕУ, а 66% во НАТО. Во Шпанија поддршката е 70% за ЕУ и 62% за НАТО.
Европејците генерално го поддржуваат продолжувањето на финансиската помош за Украина, при што Британците и Шпанците се најподготвени – со 68% поддршка.
Италија е нај поделена по ова прашање: 43% поддржуваат финансиска помош, а 40% се против
Анкетата е спроведена од 7 до 27 ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
После 5 дена: САД им честитаа на…
Соединетите Американски Држави им честитаа на Студентската…
Навроцки го прекина летот за Сенегал по…
Полскиот претседател Карол Навроцки го прекина патувањето…
Туск: „Или ќе ги исфрлите од парламентот,…
Полскиот премиер Доналд Туск ги повика избирачите…
(Видео) Полската опозиција обвинува за „државен удар“
Извештаи за полициска интервенција во полскиот Уставен…
Радичевски: Општината е на сите граѓани од…
„Овој поглед ме прави горд и ми…