Објавено на:

Повредени осум лица, меѓу нив четири деца: Тешка сообраќајка меѓу Љуботен и Радишани

t

Осум лица, меѓу кои и четири малолетници, се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат меѓу селата Љуботен и Радишани во скопско.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 12 јуни во 15:30 часот било пријавено дека се судриле патничко возило „мерцедес“, управувано од Ф.М. (35) од село Љуботен и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Љ. (20), исто така од Љуботен.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачката на „мерцедесот“ Ф.М., нејзината сопатничка Б.И. и возачот на „голфот“ А.Љ.

Со телесни повреди се здобиле четири малолетници на возраст од 12 до 15 години кои биле во возилото „мерцедес“, како и 50-годишната сопатничка С.Љ. од село Љубин, која се превезувала во „голфот“.

Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

За несреќата бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повредени осум лица, меѓу нив четири деца:…

Осум лица, меѓу кои и четири малолетници,…

Гранит ќе го гради новиот автопат Скопје-Блаце

Министерот Александар Николоски информира дека почнува изградба…

Министерството за култура ќе плати за споменикот…

Министерството за култура тврди дека чека на…

Лихвари од Струмица, искористувајќи ја тешката финансиска…

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа…

Хорор во Македонија: Во повеќе наврати силувано…

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…