Објавено на:

Лихвари од Струмица, искористувајќи ја тешката финансиска состојба на повеќе лица, им земале несразмерно високи камати

t

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднело кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“.

Од таму посочуваат дека пријавените, во периодот од 2022 до 2026 година, со умисла и намера за себе да прибават значителна имотна корист во повеќе одделни случаи ја искористувале тешката финансиска состојба на лица од Струмица и пошироко и им давале парични средства на заем, кои договарале да им бидат вратени со несразмерно високи камати и неповолни услови, а воедно барале да им враќаат и дневна камата во износ од 3.000 денари или 50 евра за секој ден задоцнување.

Л.К. и Н.К. се сомничат и дека со закани ги присилувале лицата да им ги исплаќаат паричните средства во износи кои повеќекратно ги надминувале првично позајмените суми. Додека, Д.К. се сомничи и дека во март 2026 година, откако лице му ги вратило паричните средства кои му ги должело, тој од раце му одзел и други парични средства и на тој начин сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

„Во изминатиот период, полициски службеници од СВР Струмица постапуваа по повеќе одделени случаи пријавени од оштетени лица, кои од пријавените земале пари под наем, при што се обезбедени материјални докази кои ги потврдуваат изјавите на оштетените и сомнението за сторените кривични дела“, посочија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лихвари од Струмица, искористувајќи ја тешката финансиска…

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа…

Хорор во Македонија: Во повеќе наврати силувано…

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за…

ВМРО го нарече Филипче слуга на Софија

Додека раководството на СДС и нивниот претседател…

Трамп тврди дека САД го убиле водачот…

Американските војници го убија водачот на венецуелската…

Филипче: Историските спорови со Бугарија не се…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека…