Повторно работи филтер-станицата во Штип

t

Состојбата со водоснабдувањето во Штип постепено се нормализира. Поголемиот дел од населбите повторно имаат вода за пиење, додека жителите во повисоките делови на градот сè уште се соочуваат со проблеми поради намалениот притисок.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, за МИА изјави дека во текот на денот се очекува водоснабдувањето да биде нормализирано во целиот град, како и во приградските населби.

Прекинот во снабдувањето настана вчера, откако поради зголемена матност на водата што пристигнува преку цевководот од ХС „Злетовица“ беше исклучена филтер-станицата во Штип.

Директорот на ЈП „Исар“ – Штип, Александар Арсовски, на вчерашната вонредна прес-конференција објасни дека до зголемената матност дошло поради невремето во Пробиштипскиот Регион, по што било неопходно привремено исклучување на филтер-станицата.

Откако матноста се намалила, филтер-станицата повторно била ставена во функција, а водата продолжила да се преработува и дистрибуира во штипскиот водоводен систем.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повторно работи филтер-станицата во Штип

Состојбата со водоснабдувањето во Штип постепено се…

Директорот на штипската болница: Ако се докаже…

*Објава на Фејсбук на директорот на Клиничка…

Девојка остана во инвалидска количка по царски…

По сериозниот случај со 19-годишната пациентка Станка…

Неколку милиони денари ќе чини покривот на…

Завршувањето и целосното опремување на новиот болнички…

Истрага за полов напад врз малолетно девојче…

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за…