Пожарите оставија пустош во Грција — 118 објекти се целосно уништени, велат инспектори
Инспекциите на објектите оштетени во пожарите во делови од Грција, кои беа погодени од неодамнешните шумски пожари, покажале дека 118 објекти се целосно уништени и не можат да се поправат, соопштија властите.
Во западна Атика, 84 објекти се целосно уништени, a 67 претрпеле оштетувања што можат да се санираат, објави „Екатимерини“.
Инспекторите на Министерството за инфраструктура извршиле проверки на вкупно 325 објекти во подрачјата погодени од пожарите, меѓу кои западна Атика, Крит, Виотија, Ахаја и Арголида на Пелопонез, како и Фокида во централна Грција.
Од нив, 118 објекти – најголем дел во западна Атика – се прогласени за небезбедни и ќе мора да бидат урнати. За 119 е утврдено дека се оштетени, но можат да се поправат, додека 88 објекти се оценети како погодни за живеење.
Во областа Ретимно на Крит, каде што минатата недела загинаа двајца пожарникари додека се бореа со огнената стихија, биле проверени 55 објекти. Од нив, 19 се прогласени за целосно уништени, а 12 можат да бидат обновени.
Уште седум објекти се прогласени за небезбедни во Виотија, каде што минатиот петок избувна пожарот кој подоцна се прошири кон западна Атика, шест во Фокида и два во Арголида.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчки остров ќе им дава по 3.000…
Општина Нисирос ќе им исплаќа еднократна помош…
Гркинка на 54 години роди девојче од…
Гркинка сред шестото десетлетие од својот живот…
Километарски колони на „Евзони“ за влез во…
Километарски колони возила со часови чекаат за…
Мицотакис за Македонија: „Нема суштински напредок во…
Мицотакис за Македонија испрати директна порака во…
(Видео) Ужас на аеромитинг во Грција: Се…
Тешка авионска несреќа се случи во сабота,…
