Пожари ја пустошат Далмација
Неколку големи пожари избувнаа во различни делови на Далмација, а пожарникарите цел ден и ноќ се борат со огнената стихија која се шири поради високите температури и ветерот. На островот Хвар, во местото Света Недела, шумски пожар зафатил околу десет хектари борова шума и делови од лозја. Во гаснењето учествувале околу 50 пожарникари со 15 возила, а од воздух помагале и пет канадери. Огнот во еден момент се приближил до куќите, но пожарникарите успеале да ги заштитат.
Сериозна е состојбата и кај Шибеник, каде пожарот во Дубрава и индустриската зона Поди зафатил околу 100 хектари трева, ниска вегетација и борова шума. На терен се ангажирани повеќе од 70 пожарникари со 24 возила и четири канадери. Властите соопштија дека е спасена најмалку една куќа која била директно загрозена од пламените јазици.
Дополнителни пожари се активни и во Паркот на природата Телашчица, каде гори во увалата Јаз и во Мала Проверса. Во интервенциите се вклучени и воздушни сили со противпожарни авиони. Пожари во текот на денот биле регистрирани и на подрачјата Билице и Чиово.
Особено внимание привлекува пожарот кај Плат, како и пожарот во близина на границата со Црна Гора. Според хрватските власти, огнот што избувнал на територијата на Црна Гора по удар од гром делумно се проширил и на хрватска територија. Поради непристапниот терен, пожарникарите внимателно ја следат ситуацијата и се обидуваат да спречат понатамошно ширење на огнот.
Далмација веќе неколку дена се соочува со високи температури и суво време, што значително го зголемува ризикот од шумски пожари и го отежнува нивното гаснење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожари ја пустошат Далмација
Неколку големи пожари избувнаа во различни делови…
Силна бура ја погоди Далмација
Оркански јужен ветер и ненадејна плима ја…
Големи пожари во Аргентина, властите се сомневаат…
Шумски пожар во аргентинската Патагонија зафати речиси…
Поднесени 45 кривични пријави во врска со…
Министерството за внатрешни работи ве известува дека…
Романија ни донира специјализирано возило за справување…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување…