Поднесени 45 кривични пријави во врска со пожари на отворен простор, лишени од слобода 66 лица
Министерството за внатрешни работи ве известува дека од 01.04.2025 до 27.10.2025 година, регистрирани се вкупно 2.197 пожари на отворен простор, при што лишени од слобода се вкупно 66 лица, а по преземени мерки поднесени се 45 кривични пријави.
Најголемиот број на настанати пожари е утврдено дека се предизвикани од човечки фактор, со различни мотиви и се преземаат мерки и активности за расчистување на случаите и откривање на нивна евентуална меѓусебна поврзаност.
Воедно ве известуваме дека од 01.07.2025 година, откако е воведена забрана за движење во шуми, до 27.10.2025 без писмено одобрение за движење во шума, биле затекнати 27 лица. Против истите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по Закон за шуми.
Во насока на рана превенција од пожари, полициските служби употребуваат дронови за мониторирање на шумските појаси на територијата на државата.
Со воведувањето на овие оперативни мерки зголемена е ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, како и детектирањето на можните причини или причинители на истите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Регистрирани 26 пожари на отворено, шест сѐ…
Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно…
(Видео) Страшни слики во Албанија: Пожар уништи…
Голем шумски пожар синоќа избувнал на територијата…
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…
Вкупно 31 пожар на отворен простор се…
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…
Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…
Сите учесници во инцидентот во скопската населба…