Пожарот на УСС Џералд Р. Форд траел повеќе од 30 часа – сериозни оштетувања и повредени морнари
Американскиот носач на авиони УСС Џералд Р. Форд претрпе сериозни оштетувања по пожар кој избувнал во главната перална и траел повеќе од 30 часа, пренесуваат американски медиуми.
Инцидентот оставил над 600 членови на екипажот без сместување, додека двајца морнари побарале медицинска помош поради полесни повреди, а десетици се соочиле со последици од вдишување чад.
Носачот, на кој служат околу 4.500 морнари и пилоти, се наоѓа во десеттиот месец од својата мисија, што претставува едно од најдолгите распоредувања уште од времето на Виетнамската војна. Според најавите, мисијата треба да трае до мај.
Бродот моментално учествува во операции на Блискиот Исток, вклучително и заеднички воени активности меѓу САД и Израел насочени кон Иран, откако претходно бил распореден и во Карибите.
Според официјалните информации, пожарот започнал во вентилацискиот систем на сушарата во пералната и брзо се проширил, но не ги зафатил погонските системи на бродот. Екипажот успеал да го локализира и изгасне пожарот, при што носачот останал оперативен.
Сепак, инцидентот повторно ги отвори прашањата за условите на бродот и оптовареноста на екипажот. Покрај пожарот, биле забележани и сериозни проблеми со одржувањето, вклучително и дефекти на стотици тоалети и доцнење на редовните поправки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожарот на УСС Џералд Р. Форд траел…
Американскиот носач на авиони УСС Џералд Р.…
ОН се подготвува за „најлошото сценарио“ за…
Обединетите нации се подготвуваат за нуклеарна катастрофа…
Пратениците сметаат дека нема потреба од алки…
Мнозинството пратеници во Собранието денеска не го…
Израел го нападна најголемото гасно поле во…
Израелските воздухопловни сили ја нападнале гасната инфраструктура…
Цените на нафтата се доближуваат до 110…
Цените на нафтата пораснаа за над 5%…