Објавено на:

Пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско, нема жртви и повредени

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека избил пожар во Домот за стари лица во Банско. Во пожарот нема повредени. Половина час пред полноќ синоќа, пожарот избил на еден од катовите во Домот за стари лица во струмичкото село Банско. Седум пожарникари и две противпожарни возила учествувале во гаснењето, кое се случило во еден часот по полноќ.

Прво се евакуирани лица од катот каде што бил пожарот, потоа од долните катови. По целосното гаснење на пожарот, евакуираните лица се вратени во собите. Причината за пожарот и материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…

Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

БОЛЕСТ! Струмичанец осомничен за силување малолетник со…

Полицијата сомничи 53 годишен жител на Струмица…

Градоначалникот на Струмица заврши на инфузија, вдишал…

Струмичкиот градоначалник, Костадин Костадинов, вчера завршил на…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…