Пожар во католичка црква во Нови Сад – нема повредени, само материјална штета
Пожар избувна утрово на страничниот влез во католичката црква „Име на Марија“ во центарот на Нови Сад, кој пожарникарите успеаја брзо да го изгаснат и, според првичните информации, нема повредени.
Како што објавија локалните медиуми, пожарот бил „подметнат“, а материјална штета е направена на страничната врата од катедралата.
Градоначалникот на Нови Сад, Жарко Миќин, денеска остро го осуди инцидентот, оценувајќи го како насилство и вандализам.
„Нови Сад е град на толеранција, меѓусебно почитување и целосна слобода на вероисповед. Секоја закана за верските објекти и правата на верниците е директен напад врз соживотот и безбедноста на сите наши сограѓани.“
Свештеникот во таа црква Атила Желер во изјава за локални медиуми рече дека засега не ја знаат причината за инцидентот и чекаат официјално полициско соопштение.
„Претпоставуваме дека во раните часови, пожар бил подметнат на страничната врата на влезот во црквата. Не ја знаеме причината зошто е подметнат. Жално е што тоа се случило на Божик. Фала му на Бога, освен материјалната штета, нема поголеми штети и пожарот не стигнал до внатрешноста на црквата“, изјави Желер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран само во септември заработил повеќе од…
Приходите на Иран од продажба на нафта…
Трамп промовира „масовен“ договор со Белорусија за…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…
Трамп: Дел од медиумите се закана за…
Американскиот претседател Доналд Трамп обвини некои медиуми…
Дојче Веле: Антимон, дата-центри и гасовод –…
Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна…
Мицкоски на средба со македонската заедница во…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, придружуван од…