Пожар во плевна во Теарце: Изгоре земјоделска опрема
Пожар избувнал во плевна во двор од куќа во селото Глоѓи, Општина Теарце, при што била зафатена земјоделска алат и опрема.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 15 часот во СВР Тетово. Плевната била сопственост на 63-годишниот Д.И.
Во пожарот нема повредени лица. Огнот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.
На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…