Пожар на Света Гора: Горела келија на монарх во скитот на Свети Василиј

t

На Света Гора се запали скитот на Свети Василиј. Директорот за донации на манастирот Хиландар, Миливоје Ранѓиќ потврди дека горела ќелијата на монах кој престојувал таму.

Според РТС, со брза реакција на пожарникарите и хиландарските монаси, со три возила, пожарот бил локализиран. Повредени нема, а зградата не претрпела поголема материјална штета.

Црквата од 14 век и остатоците од палатата и кулата на кралот Милутин не биле загрозени од пожарот.

Станува збор за тврдината Хрусија на крајбрежјето на три километри оддалеченост од манастирот Хиландар, која според долгорочниот план треба да се реновира.

Хрусија е мала, посебна тврдина на брегот со висока кула, на врвот на која има параклис посветен на Светиот Спас.

Изграден е откако хиландарскиот игумен Киријак побарал од кралот Милутин да го обезбеди манастирот од морето поради големата опасност од пирати.

Во дворот на утврдувањето, синот на Милутин, Дечанскиот крал Стефан, изградил храм со триделен олтарен простор, една купола и нартекс во третата деценија на XIV век.

Го посветил на Свети Василиј, поради што Хрусија оттогаш се нарекува Свети Василиј. Со оглед на тоа што ќелиите во кои се населиле монасите биле изградени веднаш до храмот и кулата, кулата денес е испосник на манастирот Хиландар.

Скитите претставуваат група ќелии, кои се формираат во еден манастир, а во кои живеат помали монашки братства.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео)ГОЛЕМ ПОЖАР ВО НОВО ЛИСИЧЕ: Постои опасност…

Во Ново Лисиче избувнал пожар кој ги…

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

Изгоре угостителски објект на државниот правобранител Речи…

Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект…

(Фото) Голем пожар над Кондово!

Голем пожар гори над Кондово. Пожарот е…

Пожар во Нови Сад: Пожарникарите се борат…

Попладнево на улицата „Фрушкогорска“ во Нови Сад…