Изгорела куќа на гурбетчии во Шуто Оризари, на местото фатен гостиварец кој ја запалил
Вчеравечер полицијата примила пријава дека е запалена куќа во населбата Шуто Оризари, чиишто сопственици се надвор од државата, по што полицајци на местото затекнале жител на Гостивар, кој е приведен во полициска станица под сомнение дека го подметнал пожарот, соопшти МВР.
„На 23.03.2025 околу 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека била опожарена куќа на подрачје на Шуто Оризари, сопственост на Р.Б.(57) и А.Б.(53), двајцата од Скопје, кои моментално се надвор од државата. На местото бил затекнат Е.Д.(51) од Гостивар, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…