Објавено на:

Пожар се заканува да го проголта манастирот „Света Петка“ во Атина, наредена е евакуација на светилиштето

t

Драматична е состојбата во селото Аја Параскеви во Грција во близина на Атина. Пожарите кои повеќе од 24 часа беснеат на ова подрачје опасно ги загрозија куќите и православниот манастир Света Петка.

Наредена е итна евакуација на светилиштето, а граѓаните и пожарникарите притрчале да ги спасат иконите и се што е вредно од црквата, додека пожарникарите ги испружиле црева и од покривите на манастирот се обидувале да го изгаснат пожарот, кој опасно се приближувал кон ѕидовите на манастирот.

Силниот ветер кој од утринава дува на ова подрачје многу им отежнува на пожарникарите, а граѓаните се решени да не изгорат светилиштето.

„Работите се надвор од контрола. Има толку многу фронтови што не можеме да ги поврземе. Силата на ветрот е толку голема“, рече советникот на градоначалникот.

Според него, зад манастирот има осум куќи и пожарникарите и волонтерите на општината се борат да го изгаснат пожарот, но пожарот не може да се локализира.

Да потсетиме, пожари беснеат на повеќе локации низ Грција, а главни фронтови каде пожарникарите се борат со пламените јазици, освен во Атина, се и во Евија, Самотраки, Макракоми и планините Родопи на истокот од земјата. Во пожарите кои од саботата беснеат во Грција, загинаа 20 лица, а изгореа над 400.000 хектари земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Емотивен статус на битолскиот пилот на „ер…

Васко Михалчев, еден од пензионираните пилоти на…

Штип бара поддршка од воздух за гаснење…

Пожарникарите, хеликоптерите, припарниците на АРМ и Полицијата,…

Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров

Пожарот кој се случи во станбената зграда…