Позната бројката за колку денови има Македонија гориво
И покрај растот на цените на светските пазари, снабдувањето со гориво во земјава е стабилно и нема ризик од недостиг, уверува министерката за енергетика Сања Божиновска. Според неа, Македонија и натаму има едни од најниските цени на горивата во регионот.
Како што информира, пазарните инспектори извршиле повеќе од 300 контроли кај трговците со нафтени деривати и утврдиле дека сите компании располагаат со законски задолжителните петдневни оперативни резерви.
Божиновска посочи дека стабилни се и државните резерви на гориво, кои во моментов се доволни за покривање на околу 62 дена од потребите на граѓаните и стопанството.
„Еуродизел има 138 милиони 877.053 литри, еуросупер 95 – 32 милиони 098.680 литри, екстра лесно масло за домаќинство ЕЛ1 – 10 милиони 772.342 литри, а мазут М1 – 5 милиони 287.794 килограми“, изјави Божиновска.
Таа додаде дека компанијата МАКОРА има редовна обврска за дополнување на резервите и редовно врши нови набавки.
Министерката нагласи дека доколку глобалните притисоци врз цените продолжат, Владата има механизми со кои може да интервенира за заштита на животниот стандард. Меѓу можните мерки се намалување на акцизите за горивата до четири денари, како и намалување на ДДВ за набавка на енергенси.
Божиновска се осврна и на новиот правилник на Регулаторната комисија за енергетика, со кој цените на горивата се менуваат еднаш неделно, во понеделник. Според неа, ваквиот модел не ги оштетува граѓаните и досега е забележано само едно покачување на цените.
„Цените ги одредува Регулаторната комисија. Ние како министерство не се мешаме во тоа, но според анализите што ги следевме, досега имавме само едно зголемување на цените, што значи дека граѓаните не се оштетени“, изјави Божиновска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Позната бројката за колку денови има Македонија…
И покрај растот на цените на светските…
Цената на нафтата скокна 103 долари по…
Цените на нафтата денес на меѓународните берзи…
Македонските деца не се финансиски писмени
Македонските ученици не се доволно финансиски писмени.…
Трендафилов: Ако сакате повисока плата – утре…
Утре сите патишта водат во Скопје пред…
Пленковиќ за новото оружје на српската армија:…
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска во…