Позната здравствената состојба на повредениот полицаец од САЕ Тигар
Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ е во стабилна состојба откако бил повреден и успешно реанимиран во Ургентниот центар, соопшти негов колега Мартин Ефремов кој е член на Независниот полициски синдика, тојво изјавата наведе дека повредениот е сопруг на неговата сестра.
Според него, припадниците на единицата реагирале веднаш и го пренеле повредениот од касарната до Ургентниот центар за околу четири минути. Тој им се заблагодари на колегите за брзата и професионална реакција и рече дека таа му дала надеж на семејството во тешките моменти.
Повредениот е под деноноќен надзор, а припадниците на единицата му даваат поддршка на семејството, наведува тој во изјавата.
-Во врска со повредениот колега од САЕ Тигар за кој веќе ми се јавија повеќе новинари за детали околу несреќата сакам да го изјавам следното.
Колегата е мој зет за сестра, кој благодарение на екстремно брзата и максимално професионална реакција на колегите од единицата бил пренесен од касарната до ургентен центар за околу 4 минути, каде бил успешно реанимиран и во овие тешки моменти благодарение на нив имаме надеж и можност да се молиме за него.
Во животот едноставно постојат несреќни случаи и не секогаш за нив нужно треба да бараме виновник во некого или секогаш вината да доаѓа редовите на полицијата затоа што така е најзвучно за јавноста.
Колегата засега е во стабилна состојба и има 24/7 часовен надзор и поддршка на семејството од страна на припадници на единицата со кои заедно се молиме за него и се надеваме дека се добро ќе се заврши.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Позната здравствената состојба на повредениот полицаец од…
Припадник на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ е…
ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА ЦАР САМОИЛ ЌЕ ОДАТ…
Посмртните останки на цар Самоил и на…
Влада: Попуст при купување стан, нула комуналии…
Поевтини станови и полесен пат до сопствен…
Муцунски: Герапетритис јавно кажа дека имаме сериозен…
Ме радува тоа што министерот Герапетритис јавно…
Исчезнаа две малолетни сестри од Штип, полицијата…
Полицијата трага по две малолетни сестри од…