Објавено на:

Познатиот британски архитект Фостер понуди да помогне во обновата на Харков

t

Познатиот британски архитект Норман Фостер, познат по обновата на германскиот Рајхстаг и на мостот Милениум во Лондон, понуди да помогне во обновата на Харков, кој беше делумно уништен во руската инвазија, пишуваат британските медиуми.

Фондацијата на 86-годишниот архитект објави дека Фостер разговарал преку видео-конференција во понеделникот со Игор Терехов, градоначалникот на вториот по големина град во Украина на истокот на земјата.


Фостер му претставил план за обнова на градот, познат по архитектурата во стилот на Арт Нову, во која една четвртина од зградите биле уништени. Градот беше место на борби на почетокот на руската офанзива, но остана под контрола на Украина.

Фостер истакна дека сака „да ги собере најдобрите експерти и најдобрите таленти во светот кога станува збор за планирање, архитектура, дизајн и градба“ со цел „веднаш“ да почне да работи на „ренесансата на Харков“.

Градоначалникот одговори

Тој рече дека во првата фаза ќе биде изготвен план „град на иднината“ кој ќе го „комбинира највредното и најценето наследство од неговото минато со најпосакуваните и еколошки инфраструктури и градби“. Градоначалникот одговори дека ја видел неговата работа и дека би сакал да види нов напреден стил во неговиот град.

„Посакувам да имавме центар на градот што ќе стане едно од знаменитостите на Европа“, рече тој.

Според него, околу 25 отсто од зградите во градот се уништени и има потреба од нови болници, училишта и градинки, како и канцеларии за технолошкиот сектор во развој.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Морничаво: Русите направиле масакар – Стотици…

Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Володимир…

Руските сили користат забранета касетна муниција во…

Последните анализи спроведена од „Амнести интернешенал“ потврдуваат…

Русија со гранати ги нападна источните региони…

Една жена загина во пожар во училиште…

Украина се пофали: Слободата на Харков е…

На периферијата на Харков, Русите кои се…

Украинските сили тргнаа во контраофанзива на Харков

Украинските воени сили почнаа контраофанзива недалеку од…