Познатиот велешанец разочаран: Кога дозволивме тие што велеа дека после гол утакмицата започнува од Ѓорче да седат во министерствата?

t

Велешанецот Благој Ламњов, кој стана познат по неговата преработка на народната песна “Сербез Донка”, на неговиот Фејсбук профил објави кратка анегдота поврзана со квалитетот на министрите во Владата на РМ.

Во продолжение неговиот Фејсбук статус:

“Дали се сеќавате на квизот Џандар Збира, од пред речиси 30 години? Дали паметите дека имаше прашања од овој тип:

“После постигнат гол во фудбалот, утакмицата продолжува од:

А. Центар
Б. Ѓорче
В. Влае“

И дали паметите дека имаше натпреварувачи кои одговараа под Б. Ѓорче.

Се прашувам како дозволивме ете тој тип на луѓе да седат во министерства, совети на општини, парламент, и носат одлуки од кои зависат 2 милиона човечки животи

Добра ноќ.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ