Познатиот доктор го даде рецептот за долг живот: Овој витамин сите треба да го пијат по 50-тата година?
Умерениот внес на витамини може да помогне во спречување на хронични болести, да ги подобри физичките и когнитивните перформанси и општото здравје, што заедно придонесува за подолг живот, вели доктор Кевин Кук, експерт за долговечност и работа на мозокот од клиниката „Авив“ на Флорида.
Со текот на годините расте ризикот од хронични заболувања, а д-р Кук истакнува дека внесувањето доволно количество на еден конкретен витамин по 50-тата година може да биде од голема помош, иако многу луѓе го немаат во доволни количини.
Тоа е витаминот Д, кој според него е избор број еден за лицата постари од 50 години. Овој витамин е клучен за одржување на здравјето на коските, зајакнување на имунитетот и намалување на воспаленијата во организмот. Докажано е дека тој помага при депресија, го зголемува тестостеронот, го подобрува расположението и придонесува за подобро здравје на мозокот и коските.
Дека витаминот Д е исклучително важен по 50-тата година потврдуваат и научните истражувања: Студија од 2023 година потврди дека 20 проценти од средовечните и постарите лица во САД имале дефицит на витамин Д, што го зголемило нивниот ризик од смртност како последица на други причини.
Студија од 2022 година, спроведена во Кина на лица на возраст од 60 до 113 години, откри дека кај луѓето кои немаат недостиг на витамин Д постои помал ризик од смрт, а оваа разлика била особено забележлива кај жените.
Забелешка: Ова се општи информации за важноста на витамините за организмот. Секогаш проверете ја физичката етикета на суплементите за точните дози и консултирајте се со лекар или фармацевт пред да започнете со земање на нови додатоци во исхраната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Познатиот доктор го даде рецептот за долг…
Умерениот внес на витамини може да помогне…
Сепак нема да има повисоко ДДВ за…
По бурните реакции во јавноста, се враќаат…
Како правилно да ги комбинирате витамините за…
Витамините и минералите се добри за здравјето,…