Објавено на:

Полицаец вршел психичко насилство врз своите малолетни деца, доби кривична пријава од МВР

t

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против З.Ц. од Скопје, овластено службено лице во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 и „неизвршување судска одлука“ по член 377 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.

Додека, од Основниот граѓански суд со решение на З.Ц. му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство на неговите малолетни деца во траење од 12 и три месеци со забрана да врши психичко насилство врз неговите малолетни деца и да ги инволвира во постапките кои родителите ги водат пред надлежните институции.

Како што соопштуваат, З.Ц. и покрај мерките, преку телефон и на социјална мрежа остварил контакт со едното малолетно дете и влијаел на градење на негативен став за мајката со цел дасе обиде да ѝ го одземе старателството и воедно го инволвирал во постапка пред надлежна институција.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, заради постапување спротивно на член 26 став 1 и 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…