Полицајци извлекле жител на Тетово затрупан со возилото во снежните наноси на Галичица

Полициски службеници од СВР Битола вчера во 20.30 часот преку 192 добиле повик за помош од страна на П.Х.(57) од Тетово.
Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, П.Х. заглавил со патничко возило „џип“, со албански национални ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима.
Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило, на П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен со возилото и спуштен на безбедно место на главниот пат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) 50 полицајци повредени за време на…
Околу 50 полицајци се повредени како последица…
Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…
Одговорноста има име и презиме, тоа е…
Британската министерка за внатрешни работи Браверман ја…
Британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман…
Почина израелската полицајка која утрово беше нападната…
Почина израелската гранична полицајка која утрово се…
Три случаи на семејно насилство пријавени во…
Во полиција вчера и утрово биле пријавени…