Полицајци извлекле жител на Тетово затрупан со возилото во снежните наноси на Галичица

t

Полициски службеници од СВР Битола вчера во 20.30 часот преку 192 добиле повик за помош од страна на П.Х.(57) од Тетово.

Според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, П.Х. заглавил со патничко возило „џип“, со албански национални ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима.

Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило, на П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен со возилото и спуштен на безбедно место на главниот пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен е прилепчанец, полицијата дома му најде…

Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при…

Жена украла козметика од гостиварска аптека, ја…

Жена вчера украла козметички производи од аптека…

Наставничка натепала ученик во училиште во Тетово

Наставничка нападнала ученик во основно училиште во…

Мајка ќе одговара за „одземање на дете“,…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(37)…