Полицајци направиле сообраќајка со службени возила во Неготино: Службениците се повредени

t

Двајца полицајци биле повредени вечерва во сообраќајна несреќа во Неготино, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Тој појасни дека сообраќајката се случила на раскрсницата помеѓу улиците „Марксова” и „Фемо Кулаков”, на Тимјанички пат.

Во сообраќајната незгода дошло до судир помеѓу две патнички моторни возила, со неготински регистарски ознаки, „Ауди”, сопственост на Министерството за внатрешни работи, во кое патувале полициските службеници од ОВР Неготино и „мерцедес”, управуван од неготинец.

Самарџиев рече дека полицајците се здобиле со лесни телесни повреди. Бил извршен увид на лице место, од страна на припадници на неготинската полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Паланчанец лажно се претставувал како вработен во…

Полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР…

Акција на МВР: Приведен струмичанец

На 28.09.2022, полициски службеници од Секторот за…

Полни раце работа за МВР: 171 казна…

Министерството за внатрешни работи во текот на…

Спасовски: Науката е мотор на практиката- 45…

Министерот за внатрешни работи денеска во Струга…

Алкохол, дрога, малолетници – МВР со полни…

Ноќеска и рано утрово во временскиот период…