Полицајци на Богородица пронајдоа 10 мигранти од Египет, уапсен е криумчарот од Латвија

t

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека синоќа околу 22 часот во селото Богородица, Гевгелиско, полицајци уапсиле жител на Латвија, откако во неговото возило пронашле 10 мигранти од Египет.

„На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија. При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет. Р.С. е предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштуваат од МВР.

Мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…

Уапсен е прилепчанец, полицијата дома му најде…

Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при…

Жена украла козметика од гостиварска аптека, ја…

Жена вчера украла козметички производи од аптека…

Наставничка натепала ученик во училиште во Тетово

Наставничка нападнала ученик во основно училиште во…