Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува група за изнуда и лихварство
Засилено полициско присуство е забележано утрово на улиците во Куманово. Според неофицијални информации, полициски специјалци учествуваат во акција на повеќе локации во рамки на истрага за група осомничена за изнуда, лихварство и перење пари.
Според истите информации, истражителите проверуваат сомнежи дека групата подолг период дејствувала во Куманово и пошироко и користела насилство, закани и уцени за да дојде до пари.
Покрај локациите поврзани со лицата опфатени со акцијата, истражителите, неофицијално, проверуваат и дали нотарска канцеларија и менувачница имаат каква било врска со активностите што се предмет на истрагата.
При досегашните претреси, според неофицијалните информации, биле пронајдени пари, возила и документација. Засега нема официјална потврда дали нешто од пронајденото е одземено и дали има приведени.
Според првичните информации, акцијата следува по подолготрајна оперативна работа на полициските истражители, во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…
Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…
Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…
Сопственик на фирма за технички преглед на…
Управител на друштво за технички прегледи на…