Објавено на:

Полициска акција низ Македонија: Лишени од слобода 18 возачи

t

Лишени од слобода 19 возачи за безобѕирно управување возило, 16 возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца под дејство на алкохол и еден со брзина поголема од дозволената

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, двајца под дејство на алкохол и еден со брзина поголема од пропишаната. Осум лица во Скопје (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, по двајца во Тетово и Куманово и по еден во Прилеп, Битола, Македонски Брод и Чашка возеле без возачка дозвола. По едно лице во Прилеп и Охрид управувале возило под дејство на алкохол. Додека, едно лице во Гевгелија возело со брзина поголема од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полициска акција низ Македонија: Лишени од слобода…

Лишени од слобода 19 возачи за безобѕирно…

Од 1 јули стапува на сила забраната…

Се воведува целосна забрана за движење во…

Русите прогласија вонредна состојба на Крим

Руските окупаторски власти прогласија вонредна состојба на…

(Видео) Мал авион се урна во највисокиот…

Мал авион се чини дека удри во…

Оптимизација или продлабочување на проблемите: Опозицијата и…

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во…