Оптимизација или продлабочување на проблемите: Опозицијата и власта се скараа за измените на Законот во основното образование
Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование. Пратениците од опозицијата реагираат дека законското решение е направено без дебата и стручно мислење и дека со него нема да се решат проблемите, туку ќе се продлабочат. Пратениците од власта уверуваат дека нема да има отпуштања на наставници и нема да се намали квалитетот на наставата.
Според Сања Лукаревска од СДСМ, со реформата ќе се сведат наставниците на подобни и неподобни и наместо подобрување на квалитетот на наставата, ќе се намали квалитетот и ќе се засили иселувањето во иднина.
Нејзината колешка Даниела Николова рече дека предложените измени нема да ги решат проблемите во образованието, туку ќе ги продлабочат. Николова смета дека одредени процеси ќе се централизираат и се повеќе ќе се бара одобрение од централната власт, а помалку од општинската власт.
– Општината е основач на основните училишта, зошто е потребна согласност од министерството, праша Николова.
Пратеникот Миле Талевски од СДСМ побара информација колку училишта ќе се затворат, колку наставници ќе станат технолошки вишок и колку средства ќе бидат потрошени за превоз на учениците.
– Ова е тотална импровизација, затоа предлагам да го повлечете овој закон, рече Талевски.
Пратениците од власта со став дека оптимизацијата не значи отпуштање на наставниците и намалување на квалитетот на наставата.
– Се затвораат основни училишта и тоа не е затоа што некој е неспособен. Има силен процес на изградба на објекти во основното образование. Ниту еден наставник нема да остане без работа, туку работните часови ќе ги исполни со воннаставни дејности и ќе им помага на учениците, нагласи Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Емилија Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека оптимизацијата ќе ја организира наставата, а јавните средства нема да се фрлаат во ветер.
– Имаме и план и визија. Денес 174.040 основци што е над 6.500 ученици помалку отколку годината претходно и тоа не е последица на оптимизацијата, туку на сите негативни демографски политики што ги воведте вие и тогаш не понудивте никакви решенија, рече Ангелова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бака ја прифати номинацијата за претседател на…
Андраш Бака (73) ја прифати номинацијата на…
Зеленски: Пристигнуваат до 50.000 војници од Северна…
„Севернокорејците се појавуваат на територијата на Руската…
Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…
Германија се соочува со хибридни напади од…
Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…
Полската економија станува се позначајна во Европската…
(Видео) Околу 700 велосипедисти без облека возеа…
Околу 700 велосипедисти учествуваа на првото издание…