Полициски службеник повреден во сообраќајка со мотоцикл во Пробиштип

t

На 28 август 2026 година, во 20:42 часот, во ОВР Пробиштип било пријавено дека на крстосницата на улиците „Миро Барага“ и „Јордан Стојанов“ во Пробиштип се случила сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале мотоцикл, сопственост на Министерството за внатрешни работи, управуван од 27-годишниот полициски службеник Д.П. од Пробиштип, и патничко возило „ауди“ со кратовски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот А.Ѓ., државјанин на Турција, со привремен престој во село Крилатица, кратовско.

Во несреќата со телесни повреди се здобил полицискиот службеник, при што повредите биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Пробиштип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…

Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…

Сообраќајка на крстосница во Скопје – настрада…

МВР информира дека синоќа околу 20:40 часот…

Пијан беровец, со 2,6 промили алкохол во…

Од МВР информираат дека е уапсен беровец…