Полицијата казнува и пешаци: Од 229 казни, дури 32 се за пешаци

t

Соопштението од МВР до медиумите го пренесуваме интегрално:
– „Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 229 мерки, меѓу кои за недавање првенство на минување на пешаци 75, 28 мерки за возење без возачка дозвола, 32 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.

Изречени се и три санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за неносење на сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.“ – Пишува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најкреативни затвореници во светот, МВР објави видео…

Министерството за внатрешни работи, Биро за јавна…

За првпат Европската регионална конференција на ИНТЕРПОЛ…

Владата ја разгледа и усвои и Информацијата…

Акција на МВР: Скопјанец чувал еден килограм…

38-годишен скопјанец е уапсен денеска откако во…

Акциска контрола на МВР во угостителски објекти:…

Ноќва (19.03.2023) во периодот од 00.00 до…

И не им доаѓа паметот: 334 казни…

– Секторот за внатрешни работи Скопје вчера…