Полицијата со полни раце работа: Во различни акции уапсени 10 лица, кај сите нив пронајдена дрога

t

На подрачјето на Кисела Вода, денеска во 01:15 часот,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Исто така денеска во 00:45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Вчера во 20:45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.К.(24) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени таблетки.

На подрачјето на Карпош, вчера во 21:00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја.

Вчера во 21:15 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(22) од Велес, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и таблета.

На подрачјето на Ѓорче Петров, вчера во 23:10 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера на ул.„Гоце Делчев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.В.(38) од охридското село Велгошти, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

На ул.„Ѓорче Петров” во Тетово, вчера околу 15:10 часот полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово и тетовско Џепчиште, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

Денеска полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода Ш.Р.(29) од Ресен, затоа што кај него била пронајдена кафеава прашкаста материја“, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕБР уапсија избеган затвореник

Денеска (23.07.2024) полициски службеници од ЕВР Центар…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

На Ќафасан приведен Србин баран од Интерпол!

На граничниот премин Ќафасан приведен е српски…

Тошковски – Јодер: Продлабочување на соработката со…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во…

Македонски државјанин уапсен во Драч

Полицајците на плажата во Драч го уапсија…