Дополнување: Нови детали за приведувањето за трагедијата во ПУЛС!
Како дел од истрагата за трагедијата во ПУЛС на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денес се приведени уште неколку полициски службеници, ексклузивно дознава Инфомакс.
Како што дознавање приведени се Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).
Неофицијално приведени се и други лица, за што детали ќе можете да прочитате за кратко на Инфомакс.
Во несреќата која се случи на 16 март 2025 година во кочанската нелегална дискотека ПУЛС животот го загубија 62 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Загинатите се претежно млади луѓе, а неколкумина од нив беа и малолетници.
ДОПОЛНУВАЊЕ
Приведена е уште една полицајка која вечерта била на смена со иницијали Б.М.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…
Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…
Голем пожар во автобуска компанија во Кочани
Голем пожар утрово ја зафати автобуската компанија…