Објавено на:

Полицијата со полни раце работа: Уапсени повеќе лица

t

На 05.04.2024 во 17.35 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле В.С.(62) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Денеска (06.04.2024) во 01.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(34) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.04.2024) во 01.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(29) од с.Шишево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.04.2024) во 02.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Џ.(30) од с.Кривогаштани, прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.04.2024) во 03.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.04.2024 во 17.00 часот во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја запре руската офанзива кај Харков…

Вооружените сили на Украина (АФУ) успеаја да…

ФБИ планирал да го убие Трамп? Американска…

Агентите на Федералното биро за истраги (ФБИ)…

(Видео) Ирскиот министер: Палестинскиот и израелскиот народ…

„Денеска ја изразуваме нашата недвосмислена поддршка за…

Денеска протест на вработените во Македонски Пошти

Вработените на АД Пошта денеска во сите…

Што се случило: Србин исчезна во Грција,…

Иван Штрба (39) од Нови Сад, кој…