Полицијата уапси четири лица во тетовско – најдени предмети од кривични дела

t

Полициски службеници од СВР Тетово вчера извршија два одвоени претреси со судска наредба, при што се пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела, а приведени се вкупно четири лица.

Во 11:45 часот бил извршен претрес во автомобилска работилница на Б.И.(35) од Тетово. При претресот биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што биле лишени од слобода Б.И., Д.А.(27) од селото Мала Речица и С.Р. (30) од селото Долно Палчиште.

Како што информира МВР, на овој случај му претходела пријава дека ноќта меѓу 12 и 13 март во Тетово било опожарено патничко возило „фолксваген туарег“.

Подоцна, во 15:55 часот, со судска наредба бил извршен претрес во дом и помошни простории кај И.Б. (43) од Тетово.

И таму биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што И.Б. бил лишен од слобода.

На овој случај му претходела пријава дека во Ургентниот центар во Тетово бил примен пациент со убодни рани од остар предмет.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж од Битола со метален предмет ја…

Утрово во 04:50 часот во СВР Битола,…

(Видео) Полицајци спречија ширење на пожар на…

Денеска (30.08.2025) околу 16:00 часот во непосредна…

Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…

Незавидната положба во која се оставени припадниците…

Двајца осомничени за напад на полицајци во…

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка и…

ГЛУМЕЛЕ ПОЛИЦИЈА СО РОТАЦИИ, ЗАСТАНАЛЕ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ…

Страшен настан го потресе Скопје, но не…