ГЛУМЕЛЕ ПОЛИЦИЈА СО РОТАЦИИ, ЗАСТАНАЛЕ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ И ГО ИЗБОДЕЛЕ СО НОЖ!
Страшен настан го потресе Скопје, но не доби медиумско внимание. Вработен во затворска полиција во истражниот затвор Шутка бил трипати избоден со нож во пределот на градите од лица кои глумеле полиција, возеле возило со ротации, по што ја запреле жртвата и му нанеле убодни рани.
Од МВР го потврдија случајот.
– На 15.09.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од остар предмет бил донесен М.Р.(29) од с.Батинци, скопско. Според пријавеното, на подрачјето на општина Аеродром тој, додека бил во своето возило „фолксфаген“ бил нападнат од едно лице, кое употребило остар и тврд предмет и му нанело повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. – велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голема акција на италијанската полиција: Запленета дрога…
Италијанската полиција заплени дрога вредна 3,5 милиони…
Уапсени 21 возач, 13 возеле без возачка…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Двајца пензионери пријавиле дека 39 годишник ги…
Две повозрасни лица биле физички нападнати на…
Уапсен 19 годишник од Куманово, полицијата му…
На 02.06.2026 во 18:50 часот во Куманово,…
Спречена тешка кражба во РЕК Битола, приведени…
Утрово во 03:00 часот во кругот на…