Полицијата “улови” мигранти од Пакистан во кумановско

t

На 25.03.2021 во периодот од 22:40 до 23:30 часот во напуштени објекти на поранешна свињарска фарма во с.Речица, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот пронашле 23 лица мигранти од Пакистан.

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово и на стариот пат од Куманово кон с.Сопот, во с.Долно Којнаре, кумановско, полициските службеници забележале како мигрантите излегуваат од три возила, кои претходно не застанале на даден знак за запирање.

Мигрантите биле предадени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД посредувал за договор помеѓу ММФ и…

Вашингтон беше лут на претходната влада на…

Две жени се повредени во сообраќајка, завршиле…

МВР извести дека вчера во 15.50 часот…

Обид за убиство во Куманово: Го прободел…

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.А.(35)…

Полицајци од Штип малтретирале приведен маж

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…