Полицијата ќе добива бонус плата за остварени над 150 часа прекувремена работа

t

Со буџетот на МВР планирани средства за бонус плата за остварени над 150 часа прекувремена работа на полицијата, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во насока на зголемување на мотивираноста на полицијата, проектирани се средства за бонус плата на вработените за остварени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2022 година.

Со исплатените бонус плати за 2017, 2018, 2019, 2020 и 2021 година, но и предвидената во овој Буџет за остварени над 150 часа прекувремена работа во 2022, вработените во МВР веќе немаат дилема дека нивниот труд и пожртвуваноста се вреднуваат и наградуваат.

Само за илустрација, во 2022 година исплатени се бонус плати за 5.922 вработени, како бонус за 2021 година, во поединечен нето износ по вработен од 28.718 денари.Продолжуваме со востановената заложба за создавање на модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, напиша Спасовски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовски дилери се противеле на апсење па…

Двајцата тетовци кои вчера биле приведени за…

(Видео) “Европска демократија” на дело во Париз:…

Стотици илјади луѓе демонстрираат ширум Франција барајќи…

Нема што немал: Уапсен скопјанец кај кој…

Синоќа во 18.40 часот, полициски службеници од…

Полицијата ќе добива бонус плата за остварени…

Со буџетот на МВР планирани средства за…

Драма во Скопје: Маж расекол и претепал…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…