Полиција пред штабот на „Вреди“ додека ДУИ со огномет слави на „Скендербег“

t

Кордон полицајци е распореден пред штабот на опозициската коалиција „Вреди“ чиј кандидат за претседател е Арбен Таравари додека ДУИ излегува и слави победа пред штабот на опозициската партија на плоштадот „Скендербег“ во Скопје.

Новинарските екипи се преместени од штабот на опозициската коалиција во канцелариите на Демократското движење на Изет Меџити.

На плоштадот присутни биле и Артан Груби и Назим Буши.

-Чаир се ослободи, европска Македонија победи. Со сите тие опструкции, со сите тие коалиции за уништување на ОВК, ДУИ и Али Ахмети, гласачите одлучија за ДУИ и Али Ахмети, оваа победа ќе биде удвоена на 8 мај. Оваа победа ќе биде гаранција за европска Македонија. Ние сме на нашиот плоштад, овој плоштад го изградија Али Ахмети и УЧК. И ова не е провокација, рекол Груби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетници се степале во локал на Бит…

На 23.05.2024 во 20.00 часот во СВР…

Вучиќ: Најмногу ме погоди што Македонија гласаше…

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во интервју…

Стејт департмент: Америка испраќа оружје во вредност…

Америка денеска објави нов пакет помош од…

Димитров сподели фотографија: Џес Бејли е повторно…

Поранешниот амбасадор  на САД Џес Бејли повторно е во…

Украина ослободи 50 затвореници под услов да…

Судот во областа Хмелницки во Украина ослободи…