Полни и болниците во Албанија: Земјата пред епидемија на грип
Институтот за јавно здравје на Албанија соопшти дека официјално неделно се пријавуваат по 14.000 случаи на заразени со грип, а споредено со пред една недела овој број е зголемен за 2.000 заразени.
Но, ова е само бројка на оние кои побарале лекарска услуга, бидејќи многу луѓе заболени од вирусот на грип не одат на лекар, туку се лекуваат дома со лекарства дадени на друг член од семејството или на своја рака, јави Топ чанел.
Доколку официјалната бројка достигне 16 илјади заразени во текот на една седмица, земјата влегува во епидемија на грип, што најверојатно ќе биде следните денови.
Во Албанија циркулираат два подтипа на вирусот А како што е Ah1, кој предизвика пандемија во 2009 година во земјата, подтипот Ah3 и вирусот на инфлуенца Б. Но, епидемиолошката состојба е уште потешка, бидејќи според лекарите, барем клинички, респираторниот вирус циркулира и кај малите деца што предизвикува отежнато дишење, а има и случаи на Ковид, јави телевизијата.
Во извештајот се посочува дека годинава лекарите го ставиле акцентот на грипот, бидејќи „вирусите на грип се вратија поагресивно, затоа што беа отсутни за време на пандемијата на Ковид и имунитетот кај населението е значително опаднат“.
Што се однесува до состојбата со Ковид-19, во последното деноноќие потврдени се 23 нови случаи од направени 585 тестови, починати нема, активни на болеста се 239, а болнички се третираат две лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…