Полска гради ограда на границата со Белорусија долга 186 километри и висока 5 метри

Полската гранична служба потпиша договори со изведувачи за изградба на капитална ограда на границата со Белорусија, изјави заменик-министерот за внатрешни работи на Полска, Мачеј Воншик.
„Денеска Граничната служба потпиша три големи договори за изградба на оградата“, рече Воншик, нагласувајќи дека оградата се очекува да биде завршена до крајот на јуни 2022 година.
Како што прецизираше заменик-врховниот командант на полската гранична служба, Виолета Гозковска, должината на оградата ќе биде 186 километри . Градежните работи ќе се изведуваат истовремено на четири локации.
Од материјалот ќе се користи челик , а на оградата се планирани 22 порти за да се овозможи миграција на животните.
Да потсетиме, Полска поради мигрантската криза донесе одлука за изградба на заштитна ограда на границата со Белорусија. Планирано е оградата да биде висока пет метри. Ќе биде опремен со електронска технологија: камери за ноќно гледање, сензори за движење и дневни камери за надзор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полска „сериозно разговара“ со Франција за да…
Полска ќе бара пристап до нуклеарно оружје…
Од Европа само Македонија и Белорусија не…
Генералното собрание на Обединетите нации денеска ја…
Полскиот претседател денеска во Вашингтон на средба…
Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска во Вашингтон…
Туск: Принудена капитулација на Украина ќе значи…
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека присилната…
Полската гранична служба откри кокаин на дното…
Припадниците на полската гранична служба откриле повеќе…