Објавено на:

Полска демантира: Немаме никаква врска со саботажата на Северен тек

t

Имено, американскиот весник „Волстрит журнал“ претходно објави дека германските истражители ги испитуваат индициите кои наводно укажуваат дека саботерите одговорни за експлозиите на гасоводот ја користеле Полска како оперативна база.

„Полска немаше никаква врска со експлозиите на Северен тек 1 и 2. Различни теории и хипотези кружат многу месеци. напиша Жарин на Твитер, пренесува „РИА“.

Тој изјави дека „подолго време се дискутираат различни теории и хипотези за ова прашање и дека тоа е слично на тактиката на информативна врева која има за цел да ја фалсификува вистинската слика за настаните“.

Претставник на специјалните служби изјавил дека „Русија наводно имала мотив да ги изврши овие терористички напади“.

„Останува релевантна хипотезата дека Русија стои зад експлозијата, која имала мотив и способност да изврши таква операција“, рече тој.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи ги изјавите на западните земји за наводната вмешаност на Руската Федерација во инцидентот на гасоводите, рече дека „некој друг имал смелост да мисли дека самата Русија го направила тоа и тешко е да се замисли дека некому му текнало таква глупост“.

Руската Федерација исто така изјави дека Западот се обидува да ја „прикрие истрагата за Северен тек и дека Москва тоа нема да го дозволи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска бара земјите од ЕУ да ја…

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…

Зеленски и Туск потпишаа договор за безбедносни…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и полскиот премиер…

„Многу тешка ноќ“: Полска ја подигна авијацијата…

Полска синоќа ги подигна своите воздухопловни сили…

Захарова: Варшава го гледа западниот дел на…

Официјална Варшава го гледа западниот дел на…

Полска повикува на долгорочно вооружување на Европа

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски…