Објавено на:

Полска повикува на долгорочно вооружување на Европа

t

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски повика на долгорочно повторно вооружување на Европа, нагласувајќи дека е за што е можно поголемо вклучување на Велика Британија во одбранбените структури на ЕУ, што е неопходно, како што рече за да се поразат руските империјални амбиции“.

Сикорски посочи дека Европа заостанува на полето на вооружувањето поради долгогодишните недоволни инвестиции во одбранбената технолошка и индустриска база на ЕУ.

Сикорски во интервју за Гардијан, за време на посетата на Лондон, каде што се сретна со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, истакна дека Полска верува дека Украина има право да напаѓа воени цели во Русија.

Сикорски потсети дека Полска троши четири отсто од својот БДП за одбрана, нагласувајќи дека тоа ниво мора да го достигнат и другите членки на ЕУ.

Тој истакна дека Русија троши 40 отсто од БДП и дека во воено-индустрискиот комплекс има 3,5 милиони вработени.

Сикорски се залага во иднина гласањето на санкциите против Русија во ЕУ не мора да биде едногласно, како и дека кршењето на тие санкции треба да се третира како кривично дело и да биде под јурисдикција на Европското обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео)„Бизнис инсајдер“: Ќе се гради „Дубаи во…

Грција го гради најголемиот и најзелениот паметен…

„Европа повторно голема“ е слоганот на Унгарија…

„MAKE Europe Great Again“ односно „Да ја…

Захарова: Варшава го гледа западниот дел на…

Официјална Варшава го гледа западниот дел на…

Бајден: Во случај на пораз на Украина,…

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Европа…

Орбан: Мораме да спречиме Европа да влезе…

Унгарија сака да ја спречи Европа да…