Помалку познати факти за Гемиџиите од Апасиев и наравоучение: Само велешани знаат да испаднат на крај со вмроидни бугараши

t

ЗА ГОДИШНИНАТА ОД СОЛУНСКИТЕ АТЕНТАТИ НА ГЕМИЏИИТЕ (малку познати факти)

🗣 Неколку години пред Илинденското востание, Турците ги уцениле главите на револуционерите Мерџанов и Манџуков на 10.000 лири. Овие двајцава, со лажни пасоши издадени на друго име – секој одделно – се упатиле кон Цариград, со намера да направат атентат врз султанот Абдул Хамид II. Револверите им стигнале преку руски дипломатски куфер. Таму, случајно, дознаваат дека некој терорист-емисар на ВМРО ги барал низ градот за да ги ликвидира и да ја подигне наградата од властите!?

Во припомош, Мерџанов избезумен му праќа писмо, преку Австриската пошта, на велешанецот-гемиџија Јордан Поп-Јорданов ОРЦЕТО од Солунскиот анархистички кружок (брат на опеаниот Миле Поп-Јорданов). Овој, пошто знаел дека со сељаците треба сељачки, а со интелектуалците интелектуално, ни-две ни-три му иде директно у ненајавена ноќна посета на ‘неоврховистот’, професорот Христо Матов – тогашен член на ЦК од десното (бугарофилско) крило на ВМРО и елегантно му кажуе два реда муабет, у четири очи:

– „Ние ве знаеме и ве познаваме сите вас кои го сочинувате Централниот комитет на Организацијата. Вие нас не нè знаете кои сме и колку сме. Ако по втор пат се обидете да организирате убиство на било кој од нашите истомисленици во Цариград, ќе ве испотепаме сите до еден, како глувци“! 🔥

По ова, Орцето ладнокрвно си излегол.

Манџуков, во своите мемоари, забележува: „Организацијата потоа не се осмели да го повтори обидот и нè остави на мира“.

НАРАВОУЧЕНИЕ: Само велешани знаат да испаднат на крај со вмроидни бугараши!

*Фејсбук статус на лидерот на Левица, Димитар Апасиев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанец запалил стари седишта од автомобил и…

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог…

Бебе во тешка здравствена состојба оставено во…

Бебе во тешка здравствена состојба било оставено…

Маж од велешко Бањица каснат од змија,…

Во велешко е регистриран уште еден случај…

Претрес во Велес, приведени дилери

На 10.06.2024 околу 16.00 часот во Велес,…

Претрес во велешко Сојаклари, едно лице е…

На 05.06.2024 во 23.45 часот, полициски службеници…