Објавено на:

Поминат првиот филтер: Парламентарна комисија од Турција го одобри влезот на Финска во НАТО

t

Комисијата за надворешни работи при турскиот Парламент денеска го одобри предлог-законот за членство на Финска во НАТО.

Сега претстои предлог-законот да биде одобрен од Парламентот до 26 март, објави турската телевизија ТРТ.

Протоколот до парламентот го испрати претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. На 17 март тој ја објави подготвеноста на Анкара да ја ратификува кандидатурата на Финска за влез во НАТО.

Во мај 2022 година, Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, но нивната кандидатура за влез беше веднаш отфрлена од Анкара, која побара од нордиските земји да ги прогласат курдските организации за терористички, да екстрадираат во Турција лица обвинети за терористички активности или помагање и поттикнување обид за државен удар во 2016 година, заедно со укинувањето на ембаргото за оружје за Турција.

Анкара подоцна ја ревидираше својата позиција за Хелсинки, истакнувајќи дека генерално ги почитувала условите од меморандумот за антитероризам потпишан со Финска и Шведска.

Турција се уште има сериозни поплаки против Шведска и вели дека Стокхолм сè уште не е подготвен за членство во НАТО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Фајненшл тајмс“: Русија може да изврши нуклеарен…

Русија ја обучила својата морнарица да насочува…

Младо момче избоде пет лица пред џамија…

Напаѓач во Турција (18 годишен) избодел пет…

Турција го деблокира Инстаграм

Турција во саботата објави дека повторно дозволува…

Путин ќе ги смирува Туpција и Сиpија:…

Организирањето на средба меѓу претседателите на Турција…

Најмалку 11 загинати во тешка автобуска несреќа…

Единаесет лица загинаа, а 24 се повредени…