Поминат првиот филтер: Парламентарна комисија од Турција го одобри влезот на Финска во НАТО
Комисијата за надворешни работи при турскиот Парламент денеска го одобри предлог-законот за членство на Финска во НАТО.
Сега претстои предлог-законот да биде одобрен од Парламентот до 26 март, објави турската телевизија ТРТ.
Протоколот до парламентот го испрати претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. На 17 март тој ја објави подготвеноста на Анкара да ја ратификува кандидатурата на Финска за влез во НАТО.
Во мај 2022 година, Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО, но нивната кандидатура за влез беше веднаш отфрлена од Анкара, која побара од нордиските земји да ги прогласат курдските организации за терористички, да екстрадираат во Турција лица обвинети за терористички активности или помагање и поттикнување обид за државен удар во 2016 година, заедно со укинувањето на ембаргото за оружје за Турција.
Анкара подоцна ја ревидираше својата позиција за Хелсинки, истакнувајќи дека генерално ги почитувала условите од меморандумот за антитероризам потпишан со Финска и Шведска.
Турција се уште има сериозни поплаки против Шведска и вели дека Стокхолм сè уште не е подготвен за членство во НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девојка од 22 години стана прв тренер…
Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…
(Видео) Анталија е во пламен — почина…
Доброволен пожарникар утрово почина во Турција откако…
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Финска заврши со поставување ограда на границата…
Финска, членка на НАТО, заврши со поставување…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
