Поради голем одрон сообраќајот на патот Свети Николе-Миладиновци се одвива по една сообраќајна лента

На патниот правец Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информираат од АМСМ.
На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот АМСМ им препорачува внимателно возење.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на патниот правец Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Патот Крива Паланка – Нерав во прекин…
Според последните информации од АМСМ, од 06:50…
Свлечиште го прекина сообраќајот на патниот правец…
Поради свлечиште целосно е во прекин сообраќајот…
Пожар меѓу Миладиновски и рафинеријата ОКТА: Интервенира…
Пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и Рафинерија…
Одрон на регионалниот пат Штип-Неготино
Одрон на регионалниот пат Штип-Неготино, на планината…
Сообраќајка кај Миладиновци: Едно лице е тешко…
На 14.9.2022 во 15:30 часот во СВР…