Поради голем одрон сообраќајот на патот Свети Николе-Миладиновци се одвива по една сообраќајна лента

t

На патниот правец Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информираат од АМСМ.

На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот АМСМ им препорачува внимателно возење.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на патниот правец Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на Ј.П. Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одрон на патот Кичево-Гостивар, кон Попова Шапка…

На патниот правец Кичево – Гостивар поради…

Отежнат сообраќај на патот Охрид-Св. Наум поради…

Од 06.30 часот на патниот правец Р1301…

Се расчистува одрон на патот Делчево –…

Екипи на „Македонија пат“ утрово работат на…

Пуштен за сообраќај автопатот од наплатна рампа…

Пуштен за сообраќај автопатот од наплатна рампа…

80-годишник прегазен во Миладиновци

Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје…