Поради дефект без парно останаа Центар, Аеродром, Кисела Вода, Автокоманда и Ново Лисиче

t

Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, соопшти ЕСМ.

Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина се на терен со цел точно лоцирање на дефектот и изолирање на истиот, со цел воспоставување на нормална испорака на топлинска енергија.

За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради дефект без парно останаа Центар, Аеродром,…

Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа…

(Фото) Кумановската болница повеќе од 48 ЧАСА…

Кумановската болница повеќе од 48 часа е…

Поради дефект овој дел од Скопје ќе…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува,…

Дел од општина Центар без вода

Без вода денеска од 9 часот ќе…

Во вторник ќе се објави новата цена…

„Цената на парното ќе биде позната во…